Monday, March 15, 2010

Возачот на Тоше се бранеше пред судот



Со смирен тон на гласот, обидувајќи се да ги скрие емоциите, Ѓорѓи Ѓорѓиевски во судницата одговараше на прашањата како се случила сообраќајната несреќа во која загина неговиот другар Тоше Проески.

Одговараше детално, иако се пожали дека не се чувствува добро, ниту физички, ниту психички. Тврди дека возел со 100 километри на час бидејќи на автопатот кај Нова Градишка на места имало џебови од магла и не можело побргу да се вози.

Рече дека од далеку забележал дека приколката од камионот се движи лево-десно, но во границите на средната лента. Претекнувањето го започнал откако камионот се стабилизирал.

„Чекав да се смири камионот па да претекнувам. Имав претчувство и страв дека задниот лев дел од камионот ќе ме удри“, рече во судот Ѓорѓиевски.

Тој сведочеше - во моментот кога предните тркала на Туарегот биле паралелни со задните на камионот, забележал дека кабината на влекачот навлегува во негова лента.
Блиндирал и свирел, но според кажувањето на Ѓорѓиевски, задниот метален браник влегол меѓу крилото и тркалото на џипот, се слушнала детонација од пукање на гумата, Туарегот изгаснал и се блокирал.

Големиот камион го влечел џипот, го извртел и возилото удрило во банкината на средина од автопатот.
Иако поканета да присуствува на судењето во својство на оштетен, менаџерката на Тоше Љиљана Петровиќ од непознати причини денеска не беше во судницата.

По загинувањето на мега ѕвездата Тоше, семејството Проески се откажа од кривично гонење на Ѓорѓиевски, што за него е олеснителна околност. Сепак, скопското јавно обвинителство покрена обвинение по службена должност.

Се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици.

Исказот на Ѓорѓи Ѓорѓиевски е спротивен на двете вештачења направени во Хрватска и Македонија. Во нив е детектирано дека возачот на Туарегот возел побрзо од дозволеното, со 150, односно со 170 километри на час.

Во делот на претекнувањето, Ѓорѓиевски тоа го сторил многу доцна, откако бил преблиску до камионот.

No comments:

Post a Comment