Monday, March 15, 2010

Македонија остана да навива без Тоше


Пред една година кобната вест за Тоше Проески не ги одмина и македонските спортисти. Неповторливиот засекогаш го задолжи и нашиот спорт. Ја испеа химната што не води кон светлината на успехот.

Македонија остана да навива без него, но и да се сеќава на неговиот непрежален лик.

Беше и спортист, уметник, но пред се човек. Македонскиот спорт ќе бележи успеси, ние ќе се радуваме, но мозаикот на среќата секогаш ќе биде сиромашен за едно парче.

Парче големо колку што беше срцето на нашиот Тоше. А во него имаше место за цела Македонија.

No comments:

Post a Comment